Линкови за пристапност

Белата куќа поттикнува Викиликс да не објавува повеќе тајни


Белата куќа поттикнува Викиликс да не објавува повеќе тајни
Белата куќа поттикнува Викиликс да не објавува повеќе тајни

Портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс, за NBC телевизијата во петокот кажа дека се` што може да направи администрацијата е да замоли кој што ги има документите да не ги објавува.

Белата куќа ја поттикнува веб-страницата Викиликс да не објавува повеќе од класифицираните документи поврзани со авганистанската војна, велејќи дека е важно да не се прави повеќе штета на американската национална безбедност.

Портпаролот на Белата куќа, Роберт Гибс, за NBC телевизијата во петокот кажа дека се` што може да направи администрацијата е да замоли кој што ги има документите да не ги објавува.

Тој рече дека портпаролот на Талибан во регионот изјавил дека Талибан веќе ги разгледува десетиците илјади документи што се веќе објавени да најде имиња на лица кои соработувале со меѓународните и американските сили во Авганистан.

Гибс рече дека Талибан предупредил оти знае „како да ги казни таквите“.

XS
SM
MD
LG