Линкови за пристапност

Ги следиме случувањата во Израел - досега не е лоцирана закана по безбедноста на државата и граѓаните, вели Петровска


Војната во Израел ги стави на готовност и македонските институции
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:19 0:00

Војната во Израел ги стави на готовност и македонските институции

И додека некои европски држави, како што се Италија, Словенија, Франција, Шведска, Данска, Норвешка, најавија воведување на гранични контроли со соседните држави, поради страв од терористички напади, македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска, вели дека ги следат случувањата во Израел и оти државните институции во моментот немаат лоцирано закана по безбедноста на државата и граѓаните.

„Координацијата на безбедносно-разузнавачките служби и информациите кои се споделуваат говорат дека во овој момент нема закана без разлика дали индивидуално или кон припадниците на една заедница или кон некои објекти. Институциите, службите, безбедносно-разузнавачката заедница, будно ги следат случувањата и разменуваат информации на национално ниво и во рамките на НАТО Алијансата и соодветно се подготвуваат, доколку се лоцира некаков предизвик, да одговорат соодветно. Како министерка за одбрана и како граѓанин на оваа држава, можам само да повикам,што час поскоро завршат воените дејствија, час поскоро може да се седне на маса и да се разговара за сите проблеми кои ги поттикнале двете страни“, вели Петровска.

Во меѓувреме македонскиот претседател, Стево Пендаровски најави дека до крајот на месец октомври, ќе свика редовна седница на Советот за безбедност и оти на дневен ред меѓудругото ќе биде и конфликтот меѓу Израел и Хамас.

„Факт е состојбата во Република Северна Македонија и мултиетничноста на нашата држава но и оние повратници и информациите кои ги добиваме од безбедносно-разузнавачките служби е многу важно тие да бидат точни и да бидат навремени. На Советот на безбедност кој го свика претседателот, ќе ги размениме секој од свој дел, информациите со кои располагаме и ќе бидат предложени доколку има потреба и донесени соодветни мерки во интерес на заштита на граѓаните и државата.Во овој момент како министерка за одбрана не сум информирана за постоење на реална закана. Претпоставени можеме да претпоставуваме“, рече Петровска.

Некои од државите во Европа, почнаа со воведување и на мерки за заштита на Евреите, но и за заштита на еврејските споменици и синагоги. Петровска вели дека доколку е потребно и доколку се покаже некаков вид на закана не само Евреите, секој еден граѓанин ќе биде соодветно заштитен.

XS
SM
MD
LG