Линкови за пристапност

Трамп: Германија нема соодветен придонес во НАТО


Претседателот Доналд Трамп го повтори обвинувањето дека Германија не го подмирува својот финансиски удел во НАТО, три дена по средбата со канцеларката Ангела Меркел, за која Белата куќа соопшти дека минала добро.

„Тие за НАТО и војската плаќаат многу помалку отколку што треба. Мошне лошо за САД. Ќе се промени ова“, рече Трамп преку Твитер.

По неодамнешната средба на Г-7 во Сицилија, Меркел истакна дека „од искуството што го имав изминатите неколку дена времињата кога можеме целосно да сметаме на другите, се помалку или повеќе поминати“.

Но, денеска германската канцеларка појасни дека останува посветена на силни врски помеѓу САД и Германија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG