Прво мигрантите со воз заминале од последната станица во Италија на експресниот воз од Верона за Минхен, на планинскиот граничен премин со Австрија. Повеќето се Сомалијци и Еритрејци, без багаж.
Полицајците се качуваат во Розенхајм, Германија и ги проверуваат пасошите. Еден по еден, мигрантите се изведени од возот. По половина час, повеќе од 70-тина се на платформата, а патниците ги гледаа од прозорците на возот.
Под таканаречената „Даблинска регулатива“ во Европа, мигрантите треба да аплицираат за азил во првата држава во која ќе пристигнат. Затоа, честопати одбиваат да се идентификуваат со отпечатоци од прстите додека не стасаат до конечната дестинација, честопати, Германија или некоја друга богата северноевропска држава.
Малкумина мигранти сакаат да останат во јужна Европа, објаснува Ребека Килиан-Мејсон од Бегалскиот совет во Минхен:
„Како во Грција, каде има големи проблеми. Никој не е вратен назад во Грција во моментов, зашто состојбата е ужасна. Многу лица се испраќаат во Италија, согласно даблинската регулатива, и тоа е мошне проблематично затоа што таму многу лица се бездомници, и немаат социјална помош“, вели Мејсон.
Но, мигрантите имаат поддршка од Германија. Од аплицираните 173.000 лица за азил во 2014-та, цифрата пораснла двојно во 2015-та.
Меѓу нив е и Џејмс од Сиера Леоне. Сега живее во Центарот за бегалци во Минхен, но прв пат стапнал на европско тло откако илегално влегол во шпанската енклава Мелила во Северна Африка. Се надева дека германските власти ќе ја одобрат неговата пријава за азил.
„Ме погодува дека можеби ќе ме испратат назад во Шпанија. Не сакам да размислувам за тоа. Можам да ви кажам дека вредеше да се ризикува животот да се стаса до Германија“, вели овој азилант од Сиера Леоне.
Властите се затрупани со пријави за азил. Затоа само мал ден всушност се враќаат. Франчиска Фасбиндер, која дава бесплатна правна помош за мигрантите во Минхен, објаснува:
„Зашто имаме кус временски прозорец да врати едно лице - околу шест месеци. И кога бегалците доаѓаат во Германија, честопати им велиме да чекаат“.
Многу баратели на азил се одбиени со образложение дека се економски мигранти, а не бегалци од војна. Се работи за тека дистинкција меѓу двете категории, вели Фасбиндер, зашто - дали навистина е економска причина ако не може лицето да дојде до храна?.
Богатите европски нации како Германија се познати по нивните социјални програми. Но, напливот на мигранти, коишто бегаат од војна и сиромаштија е тест за владите и народот низ целиот континент.