Линкови за пристапност

Германската полиција уапси двајца заради поддршка на Исламската држава


Властите веруваат дека уапсените регрутирале борци за исламистичката група Сирија.

Германската полицијата соопшти дека уапсила две лица во Берлин под сомнение дека регрутирале борци за групата на Исламската држава во Сирија.

Полицијата додаде дека лицата биле приведени во петокот во серија рации од страна на преку 200 полицајци на 12 локации во главниот град на Германија.

Лидерот на групата, идентификуван само како 41-годишен Исмет Д., заради почитување на законот за приватноста, е осомничен за организирање на група од главно Руси и Турци, да се борат против таканаречените „неверници“ во Сирија.

Другото лице, идентификувано како 43-годишниот Емин Ф., е осомничен дека ги водело финансиите.

Полицијата вели дека нема докази оти овие лица планирале напади во Германија.

XS
SM
MD
LG