Линкови за пристапност

Крај на ерата на Меркел? Прекинати преговорите за формирање нова влада


„Подобро е да не се владее, отколку да се владее погрешно“, кажа синоќа претседателот на германските либерали (ФДП) Кристијан Линднер, откако објави дека неговата партија излегува од коалициските преговори за формирање нова германската влада со ЦДУ, ЦСУ и зелените.

Претседателот на про-бизнис ориентираната ФДП, воедно истакна дека ги напушта разговорите и заради тоа што нема „основа за доверба“.

Неколкунеделните разговори околу формирање на следната коалициона влада, пропаднаа, откако сите четири партии не успеаа да се усогласат околу миграцијата, енергетската политика, како и прашањето за натамошна интеграција во ЕУ.

Канцеларката Ангела Меркел се очекува денеска да се сретне со германскиот претседател, но засега е нејасно дали ќе се обиде да ја предводи малцинската влада, да свика предвремени парламентарни избори или да предложи да се излезе на гласање на почетокот на наредната година.

„Во најмала рака, ова е ден на големо обмислување, како да одиме напред. Ќе сторам се` што е можно, како канцеларка во овој транзиционен период, за да обезбедам дека во овие тешки недели, Германија ќе биде добро водена“, истакна Меркел.

По федералните избори на крајот на септември, Меркел се обидува да формира комплицирана коалиција меѓу Унијата на христијанските демократи (CDU), сестринската партија од Баварија – Унијата на христијанските социјалисти (CSU), про-бизнис ориентираната - Слободна демократска партија (FDP) и Партијата на зелените.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG