Линкови за пристапност

Германските политичари бараат Меркел да се повлече од гасоводот со Русија поради труењето на Навални


Според нив, Германија не може да биде идентификувана со обид за убиство, и стопирањето на овој гасовод би испратило јасна порака до Кремљ дека мора да престане

Водечки германски политичари ја повикуваат канцеларката Ангела Меркел да се повлече од мултимилијардерскиот гасовод Северен тек 2, кој ја поврзува Русија со Германија, поради труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

Според нив, Германија не може да биде идентификувана со обид за убиство, и стопирањето на овој гасовод би испратило јасна порака до Кремљ дека мора да престане.

Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, минатата недела, ја предупреди Москва дека заедничкиот проект за гасовод ќе биде загрозен, доколку Русија не почне да соработува во истрагата за труењето на 44-годишниот активист.

Белата куќа рече дека труењето на Навални е целосно за осуда.

Претседателот Доналд Трамп минатата година потпиша закон кој предвиде санкции за фирмите кои работат на гасоводот Северен тек 2.

Гасоводот е речиси готов, но конструкцијата е привремено блокирана, поради американските санкции и други правни проблеми.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG