Линкови за пристапност

Меркел се повлекува од политиката


Германската канцеларка најави дека по истекувањето на нејзиниот мандат во 2019-та нема повторно да се кандидира за политичка функција

Избирачите во просперитетната германска покраина Хесен во неделата ги отфрлија Христијанските Демократи на Меркел и помладиот партнер во нејзината влада во Берлин, Социјалдемократите.

Изборниот пораз во Хесен, кој ја прогласи Партијата на зелените за најголем победник, го отвори прашањето за иднината на Меркел.

Овој месец, партиите во владеачката коалиција доживеаа слични порази во Баварија.

Пристигнувајќи во седиштето на Христијанско Демократската партија, во понеделникот Меркел ги соопшти нејзините намери пред новинарите.„Чувствувам дека треба да завртиме нова страница. Време е да ви соопштам некои мои одлуки: Нема да се кандидирам за претседател на следниот Конгрес на Христијанско Демократската партија во Хамбург во декември. Мојот четврти мандат е мој последен како канцеларка на Германија. На парламентарните избори во 2021 година нема да се кандидирам за канцеларка, ниту за Бундестагот, ниту за било која друга позиција“, рече германската кацеларка Ангела Меркел.

Притисокот врз Меркел во нејзината партија расте веќе некое време, со гласноста на критичарите кои сметаат дека таа не треба да биде реизбрана за лидер на партијата.

Неделните избори се потврда за фрагментираноста на германската политика, додека кризата со мигрантите од 2015-та се` уште резонира. Тоа потврдува дека некогаш традиционалните партии во земјата губат на популарност кај електоратот. Во Хесен поддршката за Партијата на зелените од 8% се искачи на 20% додека екстремно десната Алтернатива за Германија освои околу 12%.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG