Линкови за пристапност

Заминувањето на наследничката на Меркел ги комплицира плановите за нејзино пензионирање


Анегрет Крамп-Каренбауер планира да остане министерка за одбрана на Германија, но, рече дека нема да бара номинација од ЦДУ да биде партиска кандидатка за канцеларка на следните генерални избори

Одлуката на наследничката на Ангела Меркел Анегрет Крамп-Каренбауер, да се откаже од лидер на најголемата партија во Германија, ја искомплицира државната политика, една година пред германската канцеларка да замине во пензија, сметаат аналитичарите.

Одлуката за повлекување на Крамп-Каренбауер, која застана на чело на Христаијанско-демократската унија (ЦДУ) пред една година, доаѓа по бројни критики за нејзиното справување со кавгата околу соработката на закодавците на ЦДУ во сојузната држава Турингија, со членови на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (АФД), кусо по неодлучувачките избори во оваа сојузна држава.

„Размислував за оваа одлука извесно време досега“, рече Крамп-Каренбауер на прес конференција во Берлин.

Нејзиното кусо партиско раководење беше проследено со серија гафови и токсични поделби околу идната насока на партијата, што доведе до намалување на нејзината моќ.

Таа планира да остане министерка за одбрана на Германија, но, рече дека нема да бара номинација од ЦДУ за да биде партиска кандидатка за канцеларка на следните генерални избори, кои треба да се одржат наесен следната година.

Нејзиното заминување директно се одразува врз плановите за пензионирање на Меркел, и поттикна шпекулација дека е можно да се закажат предвремени избори напролет 2021, сметаат аналитичарите.

Ваквата одлука, исто така, го покрена прашањето за тоа кој ќе ја наследи Меркел, и како различните крила на ЦДУ ќе ги надминат разликите, околу тоа дали да се продолжи со центристичката стратегија на Меркел, или да се вратат на традиционалните конзервативни корени.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG