Линкови за пристапност

Меркел останува канцеларка на Германија


Ангела Меркел победи на парламентарните избори во Германија, освојувајќи го својот четврт мандат на финкцијата канцелар.

Но, нејзината Христијанско-демократската унија и сестринската партија од Баварија - Христијанско Социјалната унија, добија помал процент од гласовите од предвиденото, или 33 проценти.

Според анкетите се очекуваше Меркел да освои 36 до 39 отсто од гласовите. Сепак, контроверзната екстремно десничарска Алтернатива за Германија, се профилираше како трета најсилна партија и осигура места во Бундестагот. Засега не е познато дали етаблираните партии ќе коалицираат со неа.

Меркел се очекува да почне преговори за формирање влада со партијата Слободни демократи, познати по про-пазарната политика и со Партијата на зелените.

Со победата, Ангела Меркел ќе има шанса да го надмине рекордот на функцијата од 16 години, што го држи нејзиниот претходник Хелмут Кол.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG