Линкови за пристапност

Приватни податоци од германски политичари објавени на Твитер


Германската влада соопшти дека приватни податоци од стотици германски политичари, вклучувајќи ја и канцеларката Ангела Меркел биле хакирани и објавени на Твитер.

За време на редовниот брифинг за новинарите во Берлин, портпаролката Мартина Фиц кажа: „Личните податоци и документи на стотици политичари и јавни личности беа објавени на интернет“, додавајќи дека „владата сериозно го разгледува овој инцидент“.

Фиц кажа дека според првичниот преглед не биле објавени сензитивни информации или податоци кои припаѓале на канцеларката Меркел.

Украдените податоци, вклучувајќи адреси, броеви на мобилни телефони, писма, копии од лични документи, а во некои случаи дури и фактури и кредитни картички, биле објавени на Твитер во декември, но за веста се дозна неделава.

Освен политичарите, цел на нападот биле и познати личности и новинари.

За инцидентот први известија весникот „Билд“ и јавниот информативен сервис „РББ“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG