Линкови за пристапност

Германија со отштета за децата кои го преживеале Холокаустот


Берлин ќе им даде по 2.800 американски долари на околу 1.000 преживеани од т.н. операција Киндертранспорт

Германија се согласи да им исплати еднократна сума пари на преживеаните од Холокаустот, кои пред почетокот на Втората светска војна како деца биле евакуирани од државата. Многумина од нив никогаш повторно не ги виделе своите родители и роднини.

Од организацијата Конференција за еврејски материјални побарувања против Германија со седиште во Њујорк соопштија дека Германија се согласила да им плати по 2.800 американски долари на околу 1.000 преживеани од т.н. операција Киндертранспорт.

Годинава се одбележува 80-годишнинат од почетокот на превозот на децата од нацистичка Германија во Британија и други места во Европа.

Исплатата има за цел „симболично признавање на нивното страдање“ изјави Грег Шнајдер, преговарач од Конференција за еврејски материјални побарувања против Германија.

Околу 10.000 деца, повеќето од нив Евреи биле транспортирани од Германија, Австрија, Чехословачка и Полска до Велика Британија.

Музејот на Холокаустот објави дека околу половина од децата биле сместени во семејства, додека останатите биле сместени во хостели, училишта или фарми. По војната, некои од нив останале во Британија, додека други биле преселени во САД, Израел, Канада, Австралија и на други локации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG