Линкови за пристапност

Германските власти извршија рација на имоти поврзани со Хамас


Министерството вели дека има околу 450 членови на Хамас во Германија и дека тие се вклучиле во пропаганда и напори за собирање средства
Министерството вели дека има околу 450 членови на Хамас во Германија и дека тие се вклучиле во пропаганда и напори за собирање средства

Германските власти денес извршија рации во врска со забраната за палестинската милитантна група Хамас и пропалестинската група Самидун.

Германското министерство за внатрешни работи соопшти дека рациите се случиле во 15 имоти во четири покраини.

„Со забраните за Хамас и Самидун во Германија, испративме јасен сигнал дека нема да толерираме никакво увеличување или поддршка на варварскиот терор на Хамас против Израел“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер во изјавата.

Министерството вели дека има околу 450 членови на Хамас во Германија и дека тие се вклучиле во пропаганда и напори за собирање средства.

Дел од информациите во текстот се од агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG