Линкови за пристапност

Германија уапси уште тројца осомничени поврзани со екстремно десничарскиот заговор за државен удар


БЕРЛИН (АП) - Германското федерално обвинителство соопшти дека криминалната полиција уапсила уште тројца осомничени десничарски екстремисти кои се поврзани со наводниот заговор на движењето Рајхсбуергер, или Граѓаните на Рајх, за соборување на владата во земјата.

Обвинителите во вторникот соопштија дека тројцата осомничени биле приведени во понеделникот вечерта во југозападната покраина Баден-Виртемберг.

Обвинетите се осомничени за членство во терористичка организација.

Во декември, германската полиција уапси 25 лица, меѓу кои и самонаречен принц, пензиониран падобранец и поранешен судија, кои се обвинети за заговор за насилно соборување на владата.

Извор: Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG