Линкови за пристапност

ГМФ: Присуството на западниот бизнис сектор ќе го намали национализмот во Југоисточна Европа


ГМФ: Присуството на западниот бизнис сектор ќе го намали национализмот во Југоисточна Европа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:14 0:00

Германскиот Маршалов фонд во Вашингтон одржа панел дискусија за гео-стратешката важност на регионот

Како највидливи негативни ефекти со кои во моментов се сочува регионот на Југоисточна Европа беа посочени: порастот на популизмот, религиозниот екстремизам и се` поголемата негативна улога на надворешните фактори какви што се Русија и Турција.

Од овие причини американската инволвираност во регионот останува важна, вели Лиза Роадс од Мрежата 20-20 – организација што неодамна објави студија за економските потенцијали на Балканот, заклучувајќи дека целосна европската интеграција нема да се случи во скоро време, затоа е потребен „план Б“, краткорочно решение што ќе го понуди бизнис секторот:

„Во регионот има надеж. Новите генерации бараат претприемачко решение. Постои нов бран во справувањето со регионалните проблеми.“

Даниел Вајдич од „Јорктоун Солушнс“ вели дека Југоисточна Европа е лесна цел за поткопување на западните интереси, но дека:

„Присуството на американскиот и европскиот бизнис сектор ќе го намали национализмот, ќе помогне во спроведување на владеење на правото и ќе го неутрализира влијанието од надворешните фактори.“

Но западните бизниси не се добротворни организации, затоа е потребно создавање на поволна бизнис клима, додава тој.

Според Даниел Сервер, од Универзитот Џонс Хопкинс слабото економско оправување на Балканот е тесно поврзано со глобалната криза, но во моментов најважно е да се овозможи земјите од регионот да се зачленат во НАТО, кое е блокирано од самите балкански држави.

На прашањето што треба новата македонската влада да стори за да ја поврати довербата кај странските инвеститори тој вели:

„Македонија треба да се врати на транспарентното, демократско однесување. Мислам дека во изминативе две години одговорот на владата на Груевски на скандалот со прислушување не беше во рамки на нормалата. Македонија треба повторно да се квалификува како функционален демократски систем, со стабилни услови за странски инвестиции.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG