Линкови за пристапност

Демократите добија едно сенатско место во Џорџија, другата трка неизвесна


Во залог е контролата на Сенатот во првите две години на претседателствувањето на Бајден

Кој ќе го контролира американскиот Сенат во среда сеуште не се знае, откако по вториот круг гласање за едно од двете сенатски места победникот останува неизвесен.

Демократите се приближија до враќање на контролата врз Сенатот со проектираната победа на на Рафаел Ворнок врз сенаторот Кели Лофлер на една од изборните трки во вторникот.


Американските медиумски организации ја прогласија победата на Ворнок заради водството со повеќе од 40 илјади гласови пред Лофлер и со речиси сите гласачки ливчиња изброени.

„Ни беше кажано дека не можеме да победиме на овие избори, но вечерва докажавме дека со надеж, напорна работа и со народот со нас, сè е можно“, рече Ворнок во пораката до своите приврзаници доцна во вторникот.

На вторите избори, демократот Џон Ософ, продуцент на телевизиски документарци, води со над 12.000 гласови пред републиканецот Дејвид Пердју, кој бараше втор шестгодишен мандат на функцијата.

Спроти гласањето во вторникот, републиканците го контролираа Сенатот со 100 места со предност од 50-48, и треба да добијат едно место во Џорџија за да го задржат мнозинството и да имаат моќ да задржат законски предлози на новоизбраниот демократски претседател eо Бајден, откако ќе биде инаугуриран на 20-ти јануари.

Со победата на Ворнок, победата на Ософ ќе им даде на Демократите 50 места во 100-члениот Сенат и шанса за новоизбраната потпретседателка Камала Харис да биде решавачки глас во корист на демократите.

Демократите веќе го контролираат Претставничкиот дом со тесно мнозинство. Со демократска контрола на двата дома на Конгресот, Бајден најверојатно би понудил поголеми предлози за зајакнување на здравствената заштита во САД и зајакнување на заштитата на животната средина, што беше олабавено за време на четиригодишниот мандат на претседателот Доналд Трамп, а веројатно ќе се обиде и да им олесни на имигрантите да стекнат државјанство на САД.

Спротивно на тоа, контролата на Републиканците врз Сенатот ќе го отежне политичкиот живот на Бајден и веројатно ќе принуди на долготрајни преговори меѓу неговата администрација и републиканските пратеници за спорни прашања.

Партијата што ја има контролата на Сенатот, исто така, го утврдува законодавниот календар, определувајќи за кои прашања се гласа, додека држи и мнозинство во секоја од комисиите на Сенатот каде што прво се разгледуваат потенцијалните закони.

Натпреварите Пердју-Ософ и Лофлер-Варнок беа потребни затоа што никој од четворицата кандидати не освои мнозинство во првиот круг на гласање во ноември.

Одзивот на гласачите беше голем во вторникот, со долги редици гласачи кои чекаа да гласаат, додека 3,1 милиони луѓе гласаа пред официјалниот ден на изборите. Пет милиони гласови беа дадени во Џорџија на гласањето во ноември, во кое беше вклучена и трката на Бајден против Трамп.

И Бајден и Трамп одржаа собири во понеделникот во Џорџија во последниот обид да ги убедат гласачите.

XS
SM
MD
LG