Линкови за пристапност

Само во Америка: Џорџтаун

Само во Америка: Џорџтаун
Само во Америка: Џорџтаун

Како што растел градот Вашингтон, Џорџтаун -- именуван по Кралот на Англија, Џорџ Втори – бил апсорбиран во него

Една од населбите што изгледа најпразнично ова време во годината е Џорџтаун во Вашингтон Д.Ц. Тоа е побогато соседство, полно со добро очувани градски куќи и историски цркви и грбишта.

„Д.Ц“ во името на градот Вашингтон значи „Дистрикт Колумбија“, област што некогаш била независен дел. Во 1787, конгресот на новите Соединети американски држави , на средба во Филаделфија, решиле да создадат нов главен град, со совршена форма на ромб, наречен Дистрикт Колумбија, и формиран од територија на Мериленд северно од реката Потомак од Вирџинија на југ. Во тие рамки, новиот град Вашингтон, именуван по Претседателот Џорџ Вашингтон, е поставен на мочурливо земјиште на кое вирееле само грмушки.

Но Дистриктот Колумбија имал и два постоечки пристанишни градови: Џорџтаун во Мериленд и Александрија во Вирџинија. Како што растел градот Вашингтон, Џорџтаун -- именуван по Кралот на Англија Џорџ Втори – бил апсорбиран во него.

Денеска Џорџтаун е донекаде изолиран. Голем дел од Вашингтон е сиромашен. Џорџтаун е богат. Останатиот дел на Вашингтон е предоминантно црн. Џорџтаун е главно бел. Голем градски парк и Универзитетот Џорџтаун во голем дел го делат од останатиот дел на градот. Дури и вашингтонскиот систем на подземна железница, поставен во 1970-те, ја заобиколи енклавата, што значи дека единствени начини да се стигне до Џорџтаун се – пешки, со велосипед, автобус или автомобил.

Оние кои доаѓаат во Џорџтаун во овој период, наоѓаат скапи продавници, жива ноќна сцена и вкусни божиќни декорации по тесните улици на Џорџтаун. Не е чудно таму да сретнете судија во Врховниот суд, член на Конгресот или славна телевизиска личност што ги става тие украси или го шета своето куче.

This item is part of
XS
SM
MD
LG