Линкови за пристапност

Почина Џорџ Мекгаверн


Изборен пораз, но и непоколеблива верба во мирот: Џорџ Мекговерн (1922 - 2012)
Изборен пораз, но и непоколеблива верба во мирот: Џорџ Мекговерн (1922 - 2012)

Загуби на изборите против Ричард Никсон во 1972-ра, но остана познат по енергичното противење на Виетнамската војна.

На 90-годишна возраст во родната Јужна Дакота почина Џорџ Мекгаверн, поранешен американски сенатор и конгресмен, можеби најповеќе познат по поразот од Ричард Никсон на претседателските избори 1972-рата.

Мекгаверн на неколку мандати служеше како конгресмен и сенатор од Демократската партија, во периодот меѓу 1957-ма и 1981-ва.

1961-ва: Џорџ Мекгаверн со претседателот Џон Ф. Кенеди во Белата куќа
1961-ва: Џорџ Мекгаверн со претседателот Џон Ф. Кенеди во Белата куќа
Во 1972-ра, во предизборната кампања против тогашниот претседател Ричард Никсон, беше категорично против Виетнамската војна. Таквата платформа резултираше во еден од најтешките порази во историјата на претседателските избори: Мекгаверн освои мнозинство гласови во само една сојузна држава - Масачусетс.

1972-ра: Тогаш сенатор, Џорџ Мекгаверн ја прифаќа демократската номинација за претседателските избори.
1972-ра: Тогаш сенатор, Џорџ Мекгаверн ја прифаќа демократската номинација за претседателските избори.
Во интервјуто за Гласот на Америка во 2006-та, Мекгаверн кажа дека на неговите гледишта за Виетнамската војна влијаело неговото искуство како пилот за време на Втората светска војна: „Од таа војна - особено откако атомската бомба уништи два големи јапонски града - излегов со чувство дека мора да сториме нешто за да запреме ваков вид на варварски потфат. Така, чинам дека уште од самиот крај на Втората светска војна, почнав да правам се` што можам да ги ​
1975-та: Во посета на Куба: Џорџ Мекгаверн со кубанскиот претседател Фидел Кастро
1975-та: Во посета на Куба: Џорџ Мекгаверн со кубанскиот претседател Фидел Кастро
разрешиме несогласувањата со другите земји, онаму каде тоа е можно, без да влеземе во војна“.

Во истото интервју, Мекгаверн виде сличности меѓу Виетнамската војна и инвазијата на Ирак 2003-тата: „Мислам дека беше голема грешка што појдовме во Виетнам, земја која не беше закана за САД и не сакаше ништо повеќе од тоа да биде призната како легитимна влада.
2007-ма: Почитуван меѓу демократите: Џорџ Мекгаверн со претседателот Бил Клинтон
2007-ма: Почитуван меѓу демократите: Џорџ Мекгаверн со претседателот Бил Клинтон
Беше и грешка што појдовме во Ирак, уште една земја која не беше закана за нас и немаше ништо со нападите на 11-ти септември 2001-ва. Нашите водачи - некои од нив - навидум сметаат дек се бориме против тероризмот во Ирак. Јас мислам дека го причинуваме“.

Во подоцнежниот тек на животот, Мекгаверн работеше како предавач, професор и глобален амбасадор на ОН против гладта во светот.
XS
SM
MD
LG