Линкови за пристапност

Почнува судењето на полицаецот обвинет за убиството на Џорџ Флојд


Денес се бира судската порота во судењето на Дерек Џовин, кој со колено го притискаше вратот на Афроамериканецот девет минути

Денес почнува изборот на судската порота за судењето на полицаецот Дерек Човин обвинет за убиство од втор степен на Афроамериканецот Џорџ Флојд минатата година, објави Асошиетед прес.

Според правните експерти, резултатот од судењето ќе се сведе на две прашања: дали постапките на Човин ја предизвикале смртта на Флојд, и дали овие постапки биле разумни.

Флојд беше прогласен за мртов на 25 мај минатата година, откако Човин, бел полицаец, со колено го притискаше вратот на Флојд девет минути.

Смртта на Флојд предизвика протести во Минеаполис и низ целата држава против расна дискриминација и полициско насилство.

Тројцата други полицајци, кои, исто така, беа отпуштени од работа се соочуваат со судење во август, под обвинение за помагање и учество во убиство од втор степен.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG