Линкови за пристапност

Телото на поранешниот претседател Џорџ Х. В. Буш до среда ќе биде изложено во националниот Капитол


Буш ќе добие државничка почест во среда во Националната катедрала во Вашингтон, а ќе биде погребан во четврток, кај Претседателската библиотека во Тексас

Телото на поранешниот американски претседател Џорџ . Х. В. Буш ќе биде изложено во Ротундата на американскиот Капитол од понеделник вечер, додека Американците му оддаваат почит на животот на 41-от претседател на државата.

Капитолот ќе биде отворен за државници и за јавноста до среда, а посетителите ќе можат да минуваат покрај ковчегот на Буш. Тој почина во Тексас, каде што живееше, доцна во петокот, на 94 години, по неколку години слабо здравје.

Буш, кој служеше еден мандат во Белата куќа, од 1989 до 1993, ќе добие државничка почест во среда во Националната катедрала во Вашингтон, а ќе биде погребан во четврток, кај Претседателската библиотека во Тексас.

Во коментар на Твитер, американскиот претседател Доналд Трамп рече: „Претседателот Џорџ Х. В. Буш имаше долг, успешен и прекрасен живот. Секогаш кога бев со него, видов дека му се радува на животот и се гордее со неговото семејство. Неговите успеси се огромни, од почеток до крај. Тој навистина беше прекрасен човек и на сите ќе ни` недостига“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG