Линкови за пристапност

Генералот Нгуема го замени Бонго - воениот лидер на пучот положи заклетва за преоден претседател во Габон


Водачот на државениот удар во Габон, генералот Брис Олигуи Нгуема, положи заклетва како привремен претседател во Либревил, 4 септември 2023 година.
Водачот на државениот удар во Габон, генералот Брис Олигуи Нгуема, положи заклетва како привремен претседател во Либревил, 4 септември 2023 година.

Воениот водач на пучот што го собори претседателот на Габон минатата недела, денеска положи заклетва како нов преоден претседател на земјата.

Генералот Брис Олигуи Нгуема го замени Али Бонго, чие семејство ја извршуваше претседателската функција повеќе од половина век.

Нгуема одржа телевизиско обраќање по церемонијата на положување заклетва.

Соборувањето на Бонго минатиот месец се случи само неколку моменти откако тој прогласи победа на претседателските избори.

Се чини дека државниот удар има поддршка од луѓето кои излегоа на улиците во Габон за да го прослават соборувањето на семејството Бонго.

Западните лидери гледаат на ситуацијата поинаку. Но, високиот претставник на Европската унија за надворешна политика, Џозеп Борел, рече:

„Нормално, воените удари не се решение, но не смееме да заборавиме дека во Габон имаше избори полни со нерегуларности“.

Опозицијата смета дека таа е вистинскиот наследник на изборите и ја повика меѓународната заедница на поддршка во таквите напори.

XS
SM
MD
LG