Линкови за пристапност

Скапароти: „Загрижен сум за Балканот“


На распит во Конгресот армискиот генерал рече дека штетното влијание на Русија на Балканот изминатата година се интензивирало

Командантот на американските сили во Европа, генералот Куртис Скапароти, вчера пред Комисијата за вооружени сили на Претставничкиот дом рече дека е загрижен Балканот - „област во која ние интензивно инвестиравме, и која е критична за безбедноста на Европа“- каде во изминатата година штетното влијание на Русија се интензивирало.

„Мислам дека нивните напори се насочени кон поткопување на движењето за евроатлантска интеграција. Тоа е нивната генерална цел во секој поединечен случај на Балканот. Првенствено тие тоа го прават преку дезинформации и финансирање и поддршка на маргинални групи и партии. Тие не бираат на која страна ќе бидат се` додека се поткопува сегашната влада... и ние тоа го гледаме. Овие активности, како што реков, се засилија последниве шест до осум месеци во рамки на Балканот. Приклучувањето на Црна Гора на НАТО, што сега е 29-та членка, и Северна Македонија, што потенцијално ќе биде 30-та, верувам дека се точно тие работи што Русија не сака да ги види. Мислам дека тие ќе продолжат со обидите за мешање во Северна Македонија исто како што правеа во Црна Гора.“ кажа генералот Скапароти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG