Линкови за пристапност

Џенерал моторс затвора погони и отпушта работници


Џенерал моторс објави дека ќе ја намали работна сила за 15 проценти и дека ќе го прекине производството во пет погони во Северна Америка. Од компанијата велат дека потегот доаѓа како одговор од притисокот од пазарот.

„Одлуката е продолжение на нашата трансформација, која е агилна, издржлива и профитабилна и ни дава флексибилност да можеме инвестираме во иднината“, кажа претседателката и извршна директорка, Мери Бара во официјалното соопштение.

Компанијата ќе затвори погони во Детроит, сојузната држава Охајо, Онтарио, Канада и два погони во Мичиген велејќи дека ќе го префрлат фокусот на производство на електрични и автономни возила.

Намалувањето на побарувачката за автомобили и анти - глобалистичките политики на администрацијата на Трамп влијаеш на плановите на овој автопроизводител. Од Џенерал моторс соопштија дека царините на челикот наметнати претходно годинава ја чинеле компанијата милијарда долари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG