Линкови за пристапност

Генерацијата М - иднината на иселениците


Генерацијата М - иднината на иселениците
Генерацијата М - иднината на иселениците

Нов проект на Обединетата македонска дијаспора за анимирање на најмладите

Ако сакаат личен напредок, но и да и` помогнат на татковината, младите Македонци мора да се вклучат во политичкиот живот во земјите каде живеат и да ги искористат контактите за поголемо афирмирање на Македонија. Ова е заклучокот на дебатата „Генерација М – иднината на младите М македонска дијаспора (ОМД).

Млади Македонци од Австралија, Нов Зеланд, САД и Канада во хотелот Мериот во Вашингтон расправаа какво влијание врз Македонија ќе остави Генерацијата М, како што популарно се нарекуваат најновите поколенија кои доаѓаат на сцена во сите сфери на животот.

Идејата е најмладата генерација иселеници да се образува и насочи кон вистински цели, затоа што на Македонија и` е потребна помош од сите делови на светот каде живеат Македонци, вели Ананија Анасиевски од Мелбурн. Овој студент по медицина за првпат престојува во САД, а во Вашингтон пристигнал специјално за конференцијата на ОМД.

„Генерацијата М е помладата генерација - да бидеме обединети и силни ширум светот“, вели Анасиевски.

Александар Карапанчев студира полички науки во Торонто и живее во Канада. И за него, вклучувањето на младите во работата на ОМД претставува предизвик.

„Младите ќе ја водат заедницата во иднината. Ако не почнат да се инволираат и интересираат за работењето на заедницата од најмлади години и да лобираат за македонските интереси, ќе нема кој да го прави тоа после нас“, резонира Карапанчев.

Димитар Попов, роден во Велес веќе 9 години живее во САД, а работи како бизнис-консултант во Чикаго. И тој е еден од генерацијата М. Најавува: „Младите Македонци се следната генерација што ќе бидат лидери, амбасадори...“.

Овие тројца Македонци од три држави и два континента велат дека иднината е тоа што ќе самиот го создадеш.

За разлика од нивните родители, следната генерација млади Македонци го имаат загубено допирот со сопствената култура и не го зборуваат македонскиот јазик, а тоа е основата на поврзување со татковината. Тоа мора да се промени, велат од Генерацијата М.

XS
SM
MD
LG