Линкови за пристапност

САД се` уште немаат платено отсуство од работа заради породување и грижа за новороденче

Наставничка во приватно училиште којашто сака да се идентификува само како Барбара, бидејќи стравува од последици ако проговори, го очекува своето второ дете. Загрижена е како ќе сврзе крај со крај.

„Повеќето приватни училишта немаат породилно боледување, бидејќи се премали и прескапи“, вели оваа жена.

Барбара може да користи 20 денови од нејзиното боледување и одмор, но доколку сака да остане дома после тоа, деновите ќе и` бидат неплатени. Вели дека решението е осигурување поради неможност за редовен работен однос од здравствени причини, но тоа ќе значи дека ќе има и далеку намален приход.

„Бев навредена. Со тоа што имам дете, кое потенцијално се надевам ќе биде продуктивен член на ова општество, мене ме сметаат за физички неспособна“, кажа таа.

Џоди Хејман е основачка на Центарот за анализа на светската потитика при Универзитетот на Калифорнија Лос Анџелес. За прашањето вели:

„Додека 188 земји во светот, значи речиси секаде, жените имаат платено породилно боледување, САД, сега заедно со Папуа Нова Гвинеја, Суринаме, шест мали јужнопацифички островски држави, се единствените земји кои немаат такво нешто“.

Според американскиот закон, работодавците мора да обезбедат 12 недели но неплатено породилно боледување. Компаниите со помалку од 50 вработени се исклучок, бидеќи за некои бизниси, плаќањето за породилно, може лошо да се одрази на нивната финансиска слика.

Неколку сојузни држави имаат сопствени програми. Калифорнија започна прва, на жените-мајки им плаќа 55 проценти од примањата до шест недели.

Џоди Хејман вели дека е потребна федерална легислатива за задолжително платено породилно боледување, бидејќи улогата на жената како родител, е поврзана со јазот во примањата на полова основа.

Жените во САД во просек заработуваат 76 центи, за исто работно за кое маж добива долар.

Експертите велат дека освен легислатива, потребна е и промена во самата култура на општеството – дека жената на работното место вреди исто колку и мажот, и дека породилното отсуство треба да биде поддржано, а не обесхрабрувано.

XS
SM
MD
LG