Линкови за пристапност

Кампања за спречување на полово и родово насилство


Одвоени тоалети и безбедни приоди до дистрибутивните пунктови за храна и вода може да помогнат во кризни ситуации

Европската унија презеде глобална иницијатива за спречување на насилството базирано на пол за време на хуманитарни кризи.

Насилството врз жените и девојките е едно од најчестите прекршувања на човековите права во светот. Обединетите нации и многу други организации за човекови права документираа десетици илјади случаи на силување, сексуално злоупотребување и експлоатација во Демократската Република Конго, Централната Африканска Република, Босна и Херцеговина и на други места.

Насилството во време на војна и природни катастрофи, пак ги погодува мажите и момчињата. Повикот на Европската унија за акција во заштита од родовото насилство се однесува на двата пола и за сите возрасти.

ЕУ вели дека нејзината мисија е да ја зајакне свеста и да ја поттикне хуманитарната заедница да преземе посилни мерки за заштита на жените, мажите, девојките и момчињата во кризните зони.

Моник Паријат е директорка за Европската цивилна заштита и операции за хуманитарна помош. Таа вели дека мора да се направи повеќе за да се спречи родовото насилство што произлегува од хуманитарни ситуации. Таа вели дека може да се преземат многу едноставни мерки за ублажување на насилството.

За неа од клучно значење да се донесе програмата „Повик за акција“ на теренот, додавајќи дека тие мерки за спасување на животот можат да имаат голем учинок. Паријат, исто така, вели дека мора да се преземат превентивни активности во најраниот почеток на вонредна ситуација каде што жртвите и преживеаните се изложени на најголем ризик.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG