Американскиот секретар за финансии Тимоти Гајтнер вели дека глобалниот растеж ќе забави и дека „сите ние ќе бидеме во полоша состојба“ доколку економиите во подем не ја променат својата тактика.
Гајтнер не именува држави, но многумина ова го интерпретираа како порака до Кина. Американските бизниси и законодавци ја обвинуваат Кина дека јуанот го држи на вештачки ниско ниво за да им даде ценовна предност на кинеските производи.
Забелешките дојдоа пред средбата на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка во Вашингтон. Гајтнер кажа дека САД би сакале ММФ да игра посилна улога во справувањето со прашањето на вредноста на валутата и да помогне да се ребалансира глобалната трговија.
Гајтнер кажа дека САД би сакале ММФ да игра посилна улога во справувањето со прашањето на вредноста на валутата