Линкови за пристапност

Израел ги предупредува жителите на Газа да заминат


Хамас им вели на луѓето да ги игнорираат предупредувањата, велејќи дека Израел води „психолошка војна“.

Израелската армија предупреди десетици илјади жители во северна Газа да ги напуштат домовите „додека не им биде кажано поинаку“ продолжувајќи ја својата кампања на воздушни напади против Хамас кој испраќа ракети кон Израел.

Израелски воени авиони погодија десетици локации рано во среда, вклучувајќи го домот на еден од врвните луѓе на Хамас, Махмуд Захар.

Леток на Израелските одбранбени сили вели дека секој што нема да ја напушти областа „веднаш, ги става опасност својот и животите на другите од семејството“.

Официјални лица на Хамас им кажаа на луѓето да ги игнорираат предупредувањата, велејќи дека Израел води „психолошка војна“.

Воздушните напади во среда убија најмалку три лица и предизвикаа штета на неколку локации, вклучувајќи и рехабилитациона болница.

Палестински здравствени претставници започнаа операција за прекин на ракетните напади од Хамас минатата недела. Еден израелец е убиен.

XS
SM
MD
LG