Линкови за пристапност

Обама го потпиша актот за укинување на политиката „Не прашувај, не кажувај“


Обама го потпиша актот за укинување на политиката „Не прашувај, не кажувај“
Обама го потпиша актот за укинување на политиката „Не прашувај, не кажувај“

Според политиката „Не прашувај, не кажувај“ припадниците на армијата требаше да ја чуваат како тајна својата сексуална ориентација, зашто во спротивно би биле соочени со отпуштање.

Американскиот претседател Барак Обама ја потпиша легислативата што ќе овозможи хомосексуалците отворено да служат во армијата, нарекувајќи ја мерката историски настан.

На церемонијата на потпишувањето во Вашингтон во среда, Обама кажа дека укинувањето на „Не прашувај, не кажувај“ ќе ја зајакне националната безбедност и ќе ги одржи идеалите што мажите и жените во униформа ги бранат.

Тој кажа дека Американците кои се хомосексуалци со генерации се бореле подеднакво со другите и дале исто како и другите за заштита на нацијата.

Конгресот го усвои законот минатата недела.

Армиските лидери велат дека новата политика ќе биде постепено имплементирана, така што сегашната регулатива ќе може да биде ревидирана.

Според политиката „Не прашувај, не кажувај“ припадниците на армијата требаше да ја чуваат како тајна својата сексуална ориентација, зашто во спротивно би биле соочени со отпуштање.

Ревизијата на Одделот за одбрана заклучи дека промената на политиката би имало минимално влијание.

XS
SM
MD
LG