Демократскиот Сенат во понеделникот гласаше да започне расправа за ЕНДА, (Акт за недискриминација) со 61 спрема 30, маргина која обезбедува усвојување во домот кога ќе биде конечното гласање.
Во време кога истополовите бракови се на фронталната линија на битката за права на хомосексуалците, овој документ сака да го стави акцентот на друга загриженост: способноста на хомосексуалците да работат и да се издржуваат . Во поголемиот број сојузни американски држави не е противзаконито на работник да му биде ускратена работа или да биде отпуштен заради неговата сексуална ориентација или полов идентитет.
Во Претставничкиот дом, спикерот Џон Бејнер издаде соопштение велејќи дека законот би охрабрил самоволни судски постапки и ќе го попречи креирањето на работни места. Без поддршка од Бејнер, актот најверојатно нема да дојде на гласање во Претставничкиот дом, и не е јасно дали би минал дури и ако би бил поставен.