Линкови за пристапност

Американски судија ја укина забраната за истополови бракови во Калифорнија


Американски судија ја укина забраната за истополови бракови во Калифорнија
Американски судија ја укина забраната за истополови бракови во Калифорнија

Закони за истополови бракови се усвоени во пет сојузни држави – Конетикат, Ајова, Масачусетс, Њу Хемпшир и Вермонт – како и во Дистриктот Колумбија.

Судијата Вон Вокер ја донесе долгоочекуваната одлука во средата, речиси две години откако гласачите во Калифорнија ја одобрија контроверзната мерка позната како Пропозиција 8, која го дефинира бракот како заедница на маж и жена.

Калифорниските гласачи со мало мнозинство ја изгласаа Пропозицијата 8 на 8 ноември 2008, шест месеци откако Врховниот суд на Калифорнија ги легализираше истополовите бракови. Поддржувачите на правата на хомосексуалците бараа поништување на забраната , велејќи дека го прекршува американскиот устав во делот за еднаква заштита под законот.

Законските експерти велат дека случајот од Калифорнија може да води до Врховниот суд на САД на решавање за тоа дали е уставно истополовите унии да се третираат различно од оние меѓу маж и жена.

Калифорнискиот републикански гувернер, Арнолд Шварценегер, одлуката од среда ја опиша како важен чекор кон еднаквост и слободат за сите луѓе. Групата за човекови права Амнести Интернешенал исто така ја поздрави одлуката, велејќи дека испраќа јасна порака дека дискриминација на кој било начин е неприфатлива.

Конзервативниот Совет за семејно истражување кажа дека ќе се жали на одлуката што ја нарече „опасна“.

Закони за истополови бракови се усвоени во пет сојузни држави – Конетикат, Ајова, Масачусетс, Њу Хемпшир и Вермонт – како и во Дистриктот Колумбија.

XS
SM
MD
LG