Боцвана ја декриминализираше хомосексуалноста, револуционерна одлука во Супсахарска Африка, каде десетици држави имаат закони, со кои се криминализираат истополовите врски.
Високиот суд на Боцвана денес го прогласи за противуставен законот, со кој се казнуваат до седум години затвор лицата во истополови врски.
Суд одлучи дека овие закони, од кои повеќето потекнуваат од колонијалните времиња, го дискриминираат малцинството во државата, нешто што беше поздравено од активистите за правата на овие лица.
Организацијата „Амнести интернешнл“ ги повика другите африкански држави да го следат примерот на Боцвана, во промовирање нова ера на прифаќање.
Facebook Forum