Линкови за пристапност

Правата на хомосексуалците – надворешнополитички приоритет за САД


Правата на хомосексуалците – надворешнополитички приоритет за САД
Правата на хомосексуалците – надворешнополитички приоритет за САД

Обама издаде директива за кревање на правата и третманот на хомосексуалци, бисексуалци и транс-сексуалци во странство, на ниво на приоритет на надворешната политика на САД.

Меморандум што Обама го испрати до владините агенции ги упатува да обезбедат дека американската дипломатија и странска помош ги промовира и штити човековите права на женски и машки хомосексуалци, бисексуалци и транс-сексуални лица.

Тој кажа дека е „длабоко загрижен“ од насилството и дискриминацијата спрема овие лица. Посочи на странски закони кои го криминализираат статусот на овие лица, претепување на вакви граѓани кои се приклучиле на мирни прослави, и убиства на мажи, жени и деца заради нивната претпоставена сексуалнаориентација.

Обама кажа дека американската определба за унапредување на човековите права за сите луѓе е зајакната кога САД енергично ја унапредува целта на промовирање на правата на овие лица. Обама го покрена прашањето на Генералното заседание на ОН во септември.

Третманот на овие лице во други држави веќе е споменат во годишната оценка за човекови права на Стејт департмент. Директивата на Обама ја крева важноста на прашањето на ниво на приоритет на американската надворешна политика.

Во обраќање во Женева во вторникот, каде е седиштето на Советот за човекови права на ОН, државната секретарка Хилари Клинтон зборуваше за важноста на бранењето на правата на хомосексуалците. Таа наедно ги ктирикуваше нациите кои ја криминализираат или толерираат насилство врз овие лица.

Националната асоцијација на хомосексуалци одлуката на администрацијата ја нарече „прва воопшто владина стратегија на САД посветена на борба против злоставување на хомосексуалци, бисексуалци и транс-сексуалци во странство“.

Но Советот за истражување на семејството ја критикуваше одлуката, велејќи дека „ја става целата тежина и репутација на САД зад промоцијата во странство на радикалната идеологија на сексуалната револуција“.

Директивата на Обама за глобална заштита на овие лица и нивните права најверојатно ќе ја засили поддршката што тој веќе ја ужива во заедницата на хомосексуални лица.

XS
SM
MD
LG