Линкови за пристапност

Фондацијата Гејтс со 93 милиони долари ќе им помага на училиштата


Во обид да им помогне на учениците од малцинствата и оние кои доаѓаат од семејства со ниски примања, Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс обезбеди 92 милиони долари.

Помошта ќе дојде во форма на грантови за 19 училишни програми во 13 сојузни американски држави. Многу од програмите се во области кои се борат со сиромаштија и каде има ниски постигнувања на учениците.

Во соопштението на Фондацијата се вели дека програмата ќе се фокусира на ученици од средно и основно училиште. Таа е дизајнирана за групи на училишта кои ќе работат заедно на „идентификација и решавање на заедничките проблеми“ користејќи методи кои најдобро ги задоволуваат нивните потреби.

Во соопштението се вели дека фондацијата избрала да инвестира во училиштата како начин да се зголеми бројот на учениците кои ќе завршат средно училиште.

Покрај тоа, програмата е дизајнирана да ги подготви учениците за да можат да продолжат со високо образование.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG