Линкови за пристапност

Бил Гејтс најбогат Американец


Бил Гејтс најбогат Американец
Бил Гејтс најбогат Американец

Ко-основачот на Мајкрософт Бил Гејтс е на врвот на листата со 54 милијарди долари, по кого доаѓа познатиот финансиер и инвеститор Ворен Бафет, со богатство од 54 милијарди долари.

Супер-богатите Американци малку ги чувствуваат ефектите од слаботото опоравување на економијата на државата.

Магазинот Форбс ја објави листата од 400 најбогати Американци, според која групата тежи осум проценти повеќе во споредба со минатата година, заеднички вредејќи 1,37 трилиони долари.

Ко-основачот на Мајкрософт Бил Гејтс е на врвот на листата со 54 милијарди долари, по кого доаѓа познатиот финансиер и инвеститор Ворен Бафет, со богатство од 45 милијарди долари.

Меѓу другите на листата се наследниците на богатството на трговската мрежа Вол-март и њујоршкиот градоначалник Мајкл Блумберг, сите меѓу првите десет.

Во меѓувреме, ко-основачот на Фејсбук Марк Зукерберг скокна на 35-то место на листата, зголемувајќи го своето богатство за повеќе од два пати, на речиси 7 милијарди.

Форбс вели дека членовите на финансиска, инвеститорска и индустрија на недвижнини доминираат на листата, заземајќи вкупно 140 места.

Сите три индустрии страдаа во нерамномерното економско опоравување.

Најмногу богати има во сојузната држава Калифорнија, а потоа следат Њујорк, Тексас и Флорида.

XS
SM
MD
LG