Линкови за пристапност

Одлуката на ЕУ е признание за тешките реформи на Северна Македонија, вели професорот Гарет Мартин во Вашингтон


гарет мартин1
гарет мартин1

Тој смета дека во време на закани од пандемијата на коронавирус, ЕУ сака да покаже дека се`уште може да остане обединета

Одлуката на Европската Унија за почеток на преговори со Северна Македонија е признание за државата, која покажа огромно трпение и направи тешки реформи, изјави за Гласот на Америка, Гарет Мартин, професор на Школата за меѓународни односи на Американскиот универзитет во Вашингтон.

Според Мартин, има и неколку други причини зошто ЕУ одлучила да ги тргне претходните блокади за почеток на пристапните преговори, особено во време на закани предизвикани од ширењето на КОВИД-19.

„ЕУ е загрижена за влијание на големите сили на Западниот Балкан, особено Кина и Русија. Второ, во време на оваа пандемија, ЕУ сака да покаже дека се` уште може да остане обединета и да постигне договор за прашања за кои постои поделеност“, рече Мартин.

Тој додава дека предлогот на Европската Комисија за промени во пристапниот процес, им помогнало на скептичните држави, како Франција, да го омекнат ставот.

Сепак, вели тој, останува тежок пат напред.

„Историски, пристапните преговори траат долго, без гарантиран успех. На Хрватска ѝ беа потребни осум години да влезе во ЕУ. Таа беше последна држава да се приклучи кон Алијансата“, вели Мартин.

Тој смета дека економските и социјални ефекти од пандемијата на коронавирусот ќе бидат долготрајни што, пак, може да биде ризик да се промени фокусот на европските лидери.

„Последиците се значителни, и тоа може да го направи проширувањето на Унијата помал приоритет“, рече Мартин, потенцирајќи дека ќе бидат потребни многу трпение и заложба на Северна Македонија во натамошниот процес на исполнување на важните реформи за влез во Европската Унија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG