Линкови за пристапност

Британија шпионирала странски дипломати?


Нов извештај во весникот Гардијан вели дека Британија следела комуникација на дипломати на самитот на Групата 20 во 2009-та одржан во Лондон

Британскиот весник Гардијан вели дека документи протечени од поранешниот соработник на американска разузнувачка агенција покажуваат дека Британија шпионирала дипломати кои присуствувале на самит на Групата 20 во 2009-та во Лондон.

Во извештај објавен во понеделник, Гардијан вели дека британска шпионска агенција упаднала во телефонска комуникација и компјутерите на турската и јужноафриканска делегација на самитот. Исто така се вели дека агенцијата навела некои делегати на Г20 да користат Интернет кафулиња кои тајно биле модифицирани да пресретнуваат дипломатска комуникација.

Весникот објавил редактирана верзија на некои од документите за кои вели дека биле протечени од Едвард Сноуден, поранешен соработник на Националната безбедносна агенција кои објави некои американски операции на шпионирање порано овој месец откако пребегал во Хонг Конг.

Веродостојноста на документите не можеше веднаш да се провери. Нивното објавување коинцидира со првиот ден на самитот на Г8 во Северна Ирска чиј домаќин е Британија.
XS
SM
MD
LG