Линкови за пристапност

Убиен шефот на мафијашката фамилија Гамбино


Франческо „Френки Бој“ Кали, познат како шеф на мафијашката фамилија Гамбино, фатално е застрелан пред неговиот дом во Њујорк

Шефот на мафијашката фамилија Гамбино во Њујорк, Франческо „Френки Бој“ Кали, беше застрелан пред неговиот дом во Статен Ајленд доцна во средата, соопшти полицијата.

53 годишниот Кали, неколкупати бил фатално застрелан во градите, кратко време по 21 часот (по локално време) пред неговиот дом.

Медиумите, вклучувајќи го и Њујорк пост, според неидентификувани полициски извори, известија дека Кали бил застрелан најмалку шест или седум пати, а бил и прегазен од син пикап камионет кој го управувал напаѓачот.

Ројтерс претходно објави дека Гамбино е едно од петте историски италијанско-американски мафијашки фамилии во Њујорк, кое заработува пари со насилство и изнудување.

Обвиненијата против учесници во мафијашки операции, вклучувајќи ги и оперативците на фамилијата Гамбино, вклучуваат убиства, лихварство, коцкање и продажба на дрога, соопшти Ројтерс.

Њујорк Дејли Њус објави дека Кали во 2008 година беше меѓу 62 лица уапсени поради рекетирање. Откако ја признал вината за изнудување на пари беше осуден на 16 месеци затвор.

Претставник на полицијата за Ројтерс изјавил дека не е познат мотивот за убиството на Кали. „Нема уапсени и истрагата е во тек“, се наведува во полициското соопштение.

Убиството на Кали е прво ликвидирање на мафијашки шеф на територијата на САД во последните две децении.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG