Линкови за пристапност

Зума: Гадафи не е подготвен да замине


Зума: Гадафи не е подготвен да замине
Зума: Гадафи не е подготвен да замине

Јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума вели дека либискиот лидер Моамар Гадафи не е подготвен да ја напушти својата земја.

Зума ова го кажа во вторник по враќање дома од средбата со Гадафи во Триполи, во понеделникот. Зума се обидуваше да издејствува мировен договор меѓу либиската влада и бунтовничките борци.

Зума на либиските медиуми во понеделник им кажа дека Гадафи сака примирјето да вклучи крај на бомбардирањето на НАТО, услов што бунтовниците го одбија минатиот месец по раната мисија на медијаторство од јужноафриканскиот претседател. Бунтовниците, чие централно барање е оставка на Гадафи, брзо ја отфрлија и оваа најнова понуда.

Во меѓувреме, координаторот за хуманитатна помош за Либија за новинската агенција Ројтерс изјави дека е само прашање на недели пред намалените резерви за храна да резултираат во “критична ситуација“.

XS
SM
MD
LG