Линкови за пристапност

Влијанието на Гадафи во африканската политика


Влијанието на Гадафи во африканската политика
Влијанието на Гадафи во африканската политика

Комисијата на Африканската унија неделава се среќава за разгледување на предлогот на либискиот лидер Моамер Гадафи за трансформирање на бирократијата на АУ во моќен авторитет на континентот.

Предлогот е познат како „Обединети африкански држави“. Со години Моамар Гадафи инсистира на неговата визија за унија во европски стил со голем авторитет на контитенонтот, вклучувајќи и заедничка армија.

На средбите на оваа тема, Гадафи упорно ја турка идејата и покрај опозицијата од некои африкански лидери иритирани од неговата аронганција.

Но сите конфликти на тие самитски средби главно се одвивале зад затворени врати. Сега, со Либија во граѓанска војна, еден од анти-Гадафи таборот понудил информација за тие внатрешни процеси.

Етиопскиот премиер Мелес Зенави приврзаниците на Гадафи во конфликтот во државата ги нарече „подли криминалци“.

Па, сепак, Гадафи има големо влијание во рамки на Африканската унија. Неговата политика на употреба на либиското нафтено богатство за агресивно туркање на таа пан-африканска визија се покажала исплатлива.

Либија дава речиси 15 проценти од сите контрибуции на 53-те држави членки на АУ. Освен тоа, Гадафи ги плаќа обврските на неколку посиромашни држави, што чини околу 40 милиони долари годишно.

Така,кога меѓународната заедница побара африканска поддршка месецов за воспоставување „зона на забрането летање“ и санкции против Либија, континенталното тело се направи глуво. Дури и лидери кои не го сакаат Гадафи, се плашат од неговата лутина.

Затоа, неделава, дури и со судбината на Гадафи во Либија неизвесна, стручњаци се собраа во седиштето на АУ да го разгледаат реализирањето на пан-африканскиот сон.

Средбата ќе трае до 22-ри март.

XS
SM
MD
LG