ВАШИНГТОН —
Конгресменката Тулси Габард излезе од претседателската демократска трка, и јавно го поддржа поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден во трката за претседател.
Обраќајки се во видео порака, таа рече:
„Иако можеби не се согласувам со потпретседателот околу сите прашања, знам дека тој има добро срце и е мотивиран од неговата љубов кон нашата држава и американскиот народ“.
Габард додаде дека е убедена оти тој ќе ја води државата со почитување и љубезност што, рече таа, ќе помогне во надминување на сегашните поделби.
Facebook Forum