Линкови за пристапност

Сирија главна тема на Г-8 во Лондон


На дневен ред вооружувањето на сириската опозиција и опасноста оружјето да заврши кај исламските милитанти.

На средбата на министрите за надворешни работи на Групата 8 во Лондон, Британија и Франција најверојатно ќе продолжат да притискаат за вооружување на сириската опозиција во граѓанската војна против силите на претседателот Башар Аал-Асад. Па сепак, нема знаци дека би можело да дојде до поголема промена на досегашната политика.

Заканите од Северна Кореја исто така ќе бидат една од главните теми на дневниот ред на оваа прелиминарна средба, пред главната годишна, што ќе се одржи во Северна Ирска.

Претставниците на сириската граѓанска опозиција исто така се наоѓаат во Лондон, каде треба да се сретнат со американскиот државен секретар Џон Кери, неговите француски, британски и други колеги.

Британија и Франција заговараат промена или пак кревање на ембаргото за оружје што Европската унија го воведе за Сирија. Русија и Германија се против, аргументирајќи дека тоа би можело да помогне оружјето да заврши во рацете на исламските милитанти и да разгори регионален судир.
XS
SM
MD
LG