Линкови за пристапност

Г-8 во Вашингтон се подготвува за самитот во мај


На дневен ред Сирија, Иран и Северна Кореја

Министрите за надворешни работи на Групата осум (Г-8) водечки индустриски земји веќе втор ден се среќаваат во Вашингтон. Главни теми на средбата, чија цел е да го утврди дневниот ред на Самитот на Г-8 во мај во Кемп Дејвид, близу Вашингтон, се насилството во Сирија, нуклеарниот дијалог со Иран и намерата на Северна Кореја да лансира проектил.

Државната секретарка Хилари Клинтон има и билатерални средби со колегите од Франција и Русија, Ален Жипе и Сергеј Лавров. Таа кажа дека сите земји од Г-8 се длабоко загрижени за обемот на насилството и жртвите во Сирија, како и проблемите на кои наиде специјалниот пратеник на ОН Кофи Анан во обидот да постигне прекин на огнот.

САД, Франција и Британија бараат сирискиот претседател Башар Ал-Асад да слезе од власта во рамки на демократска транзиција за ставање крај на политичкото насилство. Русија, пак, го поддржа Асад во пресметката со опозицијата и продолжува со продажбата на оружје за Сирија.

XS
SM
MD
LG