Линкови за пристапност

Борбата против нееднаквоста - тема на Самитот Г7 в сабота


Сепак, аналитичарите очекуваат дека слабиот економски раст и можната глобална рецесија ќе ја засенат предвидената агенда

Борбата против нееднаквоста ќе биде главна тема на Самитот Г7 во Биариц, Франција, кој почнува в сабота, а на кој домаќин ќе биде францускиот претседател Емануел Макрон. Покрај Макрон, на годишниот состанок ќе бидат лидерите на САД, Британија, Германија, Италија, Јапонија и на Канада.

Францускиот претседател повика лидери и на уште неколку други држави, вклучувајќи и на шест африкански држави, да учествуваат во дискусијата за глобалните предизвици, иако аналитичарите очекуваат дека слабиот економски раст и можната глобална рецесија ќе ги засенат останатите теми на Самитот.

Сепак, се очекува Макрон да не дозволи економските грижи да влијаат врз неговата агенда, на чија листа како главни приоритети се наведуваат и климатските промени и безбедносните ризици.

Претседателот Доналд Трамп се очекува да се сретне со британскиот премиер Борис Џонсон првпат откако тој е на оваа функција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG