ВАШИНГТОН —
Лидерите на Самитот Г7 се заложија да дадат 22 милиони долари помош за гасењето на шумските пожари во Амазонија.
Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Чиле Себастијан Пинера, кој беше присутен на Самитот, изјавија дека пожарите претставуваат закана за „белите дробови“ на планетата.
Макрон, исто така, рече дека Франција ќе испрати и војска да помогне во справување со пожарите.
Макрон и Пинера додадоа дека државите од групата Г7, односно САД, Британија, Германија, Италија, Јапонија, Канада и Франција, ја разгледуваат можноста за слична ваква помош и за шумските пожари во Африка.
Facebook Forum