Групата од 20 водечки економии реши да ги натера најголемите мултинационални компании во светот да плаќаат поголеми даноци.
Шефовите на држави на годишниот самит на Г20 во Санкт Петерсбург, Русија, се согласија во петок на даночниот план изработен од Организацијата за економска соработка и развој. Тој би елиминирал дупките во законот што овозможуваат многу компании да ги кријат профитите во места поволни за избегнување на плаќање даноци и да ги принудат да плаќаат даноци во земјите каде прават пари.
Во завршниот документ од самитот, Г20 ја поздрави автоматската размена на податоци меѓу државите за да се спречат корпорациите да затајуваат приходи ставајќи ги на непријавени сметки во странски банки.
Г20 вели дека корпоративните стратегии за држење на профитот надвор од границите „ако се остави така, ќе ги поткопа интегритетот и чесноста на нашите даночни системи“.
Министрите за финансии од државите на Г20, кои продуцираат 90 проценти од светското економско производство, исто така се очекува да го прифатат планот на крајот на нивниот дводневен состанок во сабота во Москва.
Некои од најголемите светски мултинационални корпорации, со седиште во една држава, но со значителни операции во други држави – често беа во можност да избегнат големо оданочување во нивните домашни држави со чувањето на заработката на друго место.
Во една инстанца, истражители на американскиот Сенат порано годинава најдоа дека технолошкиот гигант Епл, преку користење технички работи во ирскиот и американскиот закон, бил во можност законски да избегне плаќање на речиси сите даноци на најмалку 74 милијарди долари заработка во текот на изминатите четири години.
Други големи фирми кои може да се погодени со одлуката од Г20 се Гугл и Старбакс, иако официјални лица велат дека може да минат години пред промените да влезат во сила.