Линкови за пристапност

Обама и Путин не ги надминаа разликите за Сирија


Обама кажа дека разговорот бил „искрен“ но дека не верува оти тоа ќе ја промени руската опозиција на секаква странска воена интервенција во Сирија.

Американскиот претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин се` уште се разидуваат во врска со потенцијалниот напад на Сирија, по дискутирање на прашањето на маргините на економскиот самит на Групата 20 (Г20) во Русија.

На петочната прес конференција, Обама кажа дека неговата конверзација со Путин била „искрена“ и „конструктивна“. Но тој додаде дека не верува оти разговорот ќе ја промени руската опозиција на секаква странска воена интервенција во Сирија.

Претседателот кажа дека најголем дел од светските лидери присутни на вечерата на Г20 и дискусиите што продолжиле до раните утрински часови во петокот, биле „комотни“ со американскиот заклучок дека сириската влада била одговорна за нападот. Лидерите биле „едногласни“ во верувањето дека меѓународните норми против употребата на хемиско оружје треба да се одржат.

Сепак, тој рече дека светските сили се поделени во однос на лансирање на воена акција без да се оди преку Советот за безбедност на ОН.

Путин кажа дека секој странски напад на Сирија би бил незаконски. Тој рече дека хемискиот напад бил „провокација“ од опозиционите борци во Сирија кои примаат странска помош.

Путин кажа дека лидерите од Индија, Индонезија и Јужна Африка се оние кои зборувале против секаква воена интервенција на вечерата на Г20 во четвртокот.
XS
SM
MD
LG