Линкови за пристапност

Светските лидери на Г20 остануваат поделени за Сирија


На синоќешната вечера организирана од претседателот на Русија не е постигнат договор за надминување на разликите.

Светските лидери собрани во Русија за последниот ден на самитот на Г20 остануваат поделени во врска со можни американски воени напади на Сирија.

Дипломатите велат дека вечерата доцна синоќа на која домаќин беше рускиот претседател Владимир Путин не успеала да донесе решавање на разликите за тоа како да се заврши сирискиот конфликт.

Американскиот претседател Барак Обама се обидува да освои меѓународна поддршка за воена акција за да ја казни сириската влада за наводниот напад со хемиско оружје од минатиот месец.

Обама во петок се сретна со кинескиот претседател Кси Џинпинг, кој е против напади. Кина, заедно со главниот сириски сојузник, Русија, гласаа против резолуциите на Советот за безбедност со кои требаше да се изврши притисок на владата на претседателот Башар ал-Асад.

Русија вели дека нема докази дека Асад извел напад во август, во населба на Дамаск под контрола на бунтовниците, каде умреа стотици.

Во меѓувреме, шефот на ОН Бан Ки-мун во петок ги предупреди лидерите против тоа што го нарече „лошо замислени“ воени напади, за кои кажа дека би можеле да ги засилат секташките тензии во Сирија.
XS
SM
MD
LG