Сириската криза не е на официјалната агенда на дводневниот глобален економски самит на Групата 20 во Санкт Петерсбург, но лидерите се очекува за тоа да дискутираат на маргините на собирот.
Обама бара поширока поддршка, дома и во странство, за воени напади против сириската влада за наводна употреба на хемиско оружје врз своите цивилни граѓани.
На ден пред самитот на Г20 , клучно тело на американскиот Сенат одобри план што предвидува ограничени напади. Мерката, која исто така исклучува распоредување на американски трупи во Сирија, мора да мине во двата дома на Конгресот.
Обама во среда за време на посетата на Шведска кажа дека кредибилитетот на меѓународната заедница би бил во прашање доколку не одговори на акциите на сирискиот претседател Башар ал-Асад.
Русија, главниот снабдувач со оружје на Сирија, и Кина веќе имаат ставено вето на три резолуции на Советот за безбедност на ОН со кои требаше да се казни владата на претседателот Асад.