Линкови за пристапност

Лидерите на Г20 се фокусираат на економијата


Лидерите на Г20 се фокусираат на економијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:35 0:00

Лидерите на Г20 се фокусираат на економијата

Во прелиминарната декларација се вели дека лидерите на најголемите светски економии се подготвени за заедничко промовирање на економски растеж.

Американскиот претседател Барак Обама го минува последниот ден на самитот на Г20 во Мексико во натамошни разговори со колегите за тековната должничка криза во еврозоната.

Лидерите на најголемите економии во светот во понеделникот објавија прелиминарно соопштение во кое декларираат дека се подготвени да започнат со координиран напор за промовирање на економски растеж. Ова е спротивно на движењето за мерки на штедење предводено од Германија, што ги остави нациите со големи долгови како Грција да зависат од берлинското одбивање за олеснување на рестрикциите за трошење што беа поставени во замена за финансиско спасување.

Обама имаше билатерални разговори со германската канцеларка Ангела Меркел на првиот ден на самитот, во понеделник, во напор да изврши притисок на европските влади да преземат поагресивна акција за разрешување на кризата што му се заканува на блокот од 17 држави со единствена валута. Американскиот претседател кажа дека должничката криза во еврозоната е виновна за продолжителната висока стапка на невработеност во САД, што може да им наштети на неговите напори за реизбор во ноември.

Белата куќа подоцна кажа дека Обама бил „охрабрен“ од неговите дискусии со Меркел за чекорите што европските лидери ги преземаат во насока на решавање на должничката криза.

Планираната средба меѓу Обама и европските колеги по официјалната вечера во понеделникот беше откажана откако настанот се продолжи преку планираното време.

Американскиот претседател приватно ќе се сретне со кинескиот претседател Ху Џинтао во вторник, пред да се врати назад во Вашингтон.
XS
SM
MD
LG